Актуелно

Две тепачки во Кичево и пријавен обид за палење стан, натепани и полицајци

На 04.12.2021 година во ОВР Кичево лишени се од слобода А.М.(38) и П.М.(38), двајцата од селото Лазаровци. Тие, на улицата „11 септември“ во Кичево, најнапред вербално, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства. Тие се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.12.2021 година во полициска станица во Кичево е приведен Б.К.(42), бидејќи во 23.20 часот, во куќниот двор во Кичево, физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.12.2021 година, во ОВР Кичево приведена и лишена е од слобода А.И.(49) од Кичево. Таа околу 13 часот, на улицата „11 септември“, го нарушила јавниот ред и мир и со метален предмет ја нападнала Л.А.(34) од Кичево. А.И. е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.12.2021 година околу 02.00 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на ул.„11 септември“ во Кичево, била истурена и запалена течност, но не настанал пожар во станот. ОВР Кичево презема мерки за расчистување на случајот.

На почеток