Македонија

Алтернатива влезе во Владата, ќе се бара меѓународен мониторинг за „Монструм“

Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива соопшти дека Централниот совет на партијата одлучил

„Имаше седница на Централното собрание на Алтернатива. Се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а Гаши ги информираше сите за преговорите и превземените одбори. Централното собрание одлучи со мнозинство гласови одлучи да се приклучи на актуелната Владата“, рече Муртезини.

Тој кажа дека пред сѐ причини се почетокот на преговорите со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија. Договор имало и за меѓународен мониторинг за „Монструм“, прегазувањето на Алмир Алиу и така натаму.

„Постигнувањето на овие договори е победа за Албанците во Македонија, партијата и Македонија. Алтернатива успеа да докаже дека таа не е декор“, рече тој.

Ќе се превземат значајни обврски за здравството, но и поддршка на животот во државата.

На почеток