Актуелно

Ременски: Братот на Нинџа управува со борба против оружје во СВР Скопје

Фросина Ременски во „Во центар“ посочи дека и нејзе по пет години и смета употребата на зборот „режим“, бидејќи тоа е реторика за опозиција а не на позиција. Смета дека т.н. режим не е демонтиран како што треба. Таа посочи дека и братот на Александар Василевски-Нинџа, сведок во 27 април, е на висока функција во МВР.

„Братот на Нинџа, самурајот, кој располагал со оружје, мотороли, треба да управува со борбата против оружје во СВР Скопје. Не може да ги наградите луѓето кои ја спроведуваа матрицата на режимот“, кажа Ременски во интервјуто со Ефтов.

Таа посочи дека ако системот не ги деинсталира туморозните клетки во општеството, ќе има вечен проблем.

„Тие луѓе не подразбираат чувство и емпатија кон народот, се е низ призма на пари и моќ, работа за туѓи интереси“, кажа Ременски.

На почеток