Актуелно

Шега на сметка на Самка Ибраимовски по вчерашниот колапс во Скопје ги насмеа сите

Критиките по вчерашниот колапс во сообраќајот не престануваат. Меѓу многуте коментари е и оној на Иљче Затаракоски, познат критичар на случувањата во Македонија и автор во „Сатира“. Тој се пошегува дека немало метеж на уште неизградениот автопат Охрид-Кичево, бидејќи е под надлежност на „Македонијапат“ чиј заменик директор е Самка Ибраимовски.

„Сѐ додека заменик директорот на Македонија чат-пат, г-нот Самка Ибраимовски, не ја преземе надлежноста за сообраќајниците и крстосниците во Скопје ќе биде вака. Мислам, Охрид-Кичево е во негова надлежност, па сте виделе некогаш метеж на автопатот?! Нормално дека не!“, напиша Затаракоски.

Караница за кој го блокираше Скопје: Се скараа на „Фејсбук“ МВР и Град Скопје… Можи и ќе се блокираат

На почеток