Македонија

Нухиу го демантира косовскиот министер, нема да има средба со осудените од „Диво Насеље“

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди дека утре ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но дека не е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Во изјава за МИА, Нухиу попладнево рече дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот „Идризово, но не и со затворените лица.

Претходно Салаху во интервју рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај.

На почеток