Коментари

Јоци за Гоџо и караницата: Ќе ја уапси некој за неовластено снимање?

Потегот на Гордана Гоџо, која не сакаше да ја пушти својата ќерка на настава со маска и се скара со вработените во училиште, наиде на многу коментари и критики. Еден од нив доаѓа од Јорданка Ивановска-Јоци, новинарка и критичар на случувањата во Македонија.

„Ја уапси некој оваа невестава за неовластено снимање на наставници и пуштање во промет на видео и тонски запис без согласност од други, кое е кривично дело? Или Оливер Спасовски ја заштитува и оваа – чија снимка осамна на профили финансирани од странски разузнавачки структури кои работат на создавање хаос во земјава со дестабилизација? Има некој да го праша Спасовски што точно прави во влада и дали работи за интересите на Македонија?“, напиша Јоци.

(ВИДЕО) Драма пред скопско училиште: Мајка се расправа за детето да влезе без маска и се кара со вработени, додека тоа плаче

На почеток