„Слобода за свиркачите“, Апасиев на страната на Асанж, Сноуден и Манинг

Од
Објавено на

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека свиркачите Асанж, Сноуден и Манинг треба да бидат на слобода. Ова доаѓа неколку дена откако Британија одлучи да го екстрадира Асанж во САД каде треба да му се суди, а се појасно е дека ќе биде и осуден.
„Запрепастува фактот што најголемите дисиденти на нашето време (Асанж, Сноуден и Манинг) не доаѓаат од Русија или Кина, туку од САД. Толку од приказните за човековите права на Западот. Завршува ерата на либерализмот. #СлободаЗаСвиркачите“, напиша Апасиев.
