Професорот и член на презедиумот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на социјланите мрежи напиша дека според нивниот аналитички центар, нема да биде исполнет цензусот на референдумот. Според него, излезноста ќе биде од 32% до 35%.
Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани.
Просекот на излезност е од 90% од гласачките места.
Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.