Бујар Османи сака да остане на функцијата и по реконструкцијата на Владата
Бујар Османи сака да остане на министерската функција во Министерството за надворешни работи. Тој посочи дека има важни прашања кои треба да се надминат, па затоа е против брзи парламентарни избори, кои се барање на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мислам дека во овој процес работевме многу во изминатата година. Министерството за надворешни работи постигна големи успеси. Надворешната политика има и други приоритети освен ЕУ. Но се разбира, има напредок и во разговорите. Сметам дека треба да се продолжи во таа насока“, кажа Османи прашан дали сака да остане на функцијата.
Според него, нови избори се парализирање на системот.
„Да не заборавиме на не предвидливоста која се создава врз бизнисот и општеството. Сметаме дека ова стабилно политичко мнозинство кое очекуваме да се формализира, треба да продолжи до следните избори и наредните две години да се без изборен процес“, кажа Османи.