„Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите“, кажа Маричиќ за помилувањата на Нинџа, Илиќ, Кочан
Во последниве 24 часа настана забуна околу листите за помилување што Министерството за правда ги испраќа до претседателот Стево Пендаровски.
-Министерот за правда не дава никакви помилувања. Ова се специфични помилувања по повод Нова година и листите за делумно скратување на казната ја прават директорите на затворот и се проследува на разгледување. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог листите се од затворите а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, вели министерот за правда Бојан Маричиќ за Утрински брфинг.
На листата има некои спорни имиња кои се врзани за голем криминал, а реакцијата на заменикот Нухиу беше силна.