Апасиев за Шилегов: Народот му дава шут како најкорумпиран, они го местат за министер

Од
Објавено на

Откако се појавија шпекулации дека ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе биде нов министер за транспорт и врски, бурни реакции на социјалните мрежи. Меѓу првите, со коментар, се јави Димитар Апасиев.
„Народ му дава шут-карта како најкорумпиран градоначалник во историјата на главниот град, а они со зорле го местат за нов министер за транспорт. И после ти викаат: “Го слушаме гласот на народот”!? #ОдлепениОдРеалноста“, напиша Апасиев.
