На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја навредуваат, вели Турунџиева


Водителката Сузана Туруџиева реагираше на социјалнитр мрежи, откако изминатиот период се појавија низа на наредливи коментари на сметка на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”.
„И ја скршија радоста на жената
На сите кои што се дрзнале да ја навредуваат Атиџе им посакувам со толку пари колку што живее Атиџе во месецот, и тие со толку да преживуваат… и тоа до крај на нивниот мизерен живот!
Дека јас одамна имам отрпнато и не ме засегаат коментари од несреќни, фрустрирани и нереализирани лоши човечки примероци па и не ме допира кој што “тресе” по порталите, верувајте навистина не ме допира. Само ме мотивира уште повеќе! Ама дека за една чиста и невина скромна душа како Атиџе ќе плукаат, вреѓаат и колнат, немаше никогаш да поверувам. На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја навредуваат!!! Болна е оваа средина… мнооогу болна! Безнадежно болна!
Да се засрамат сите до еден и да се молат Бог да им прости за сите гревови во кои влегле.А за сите нивни клевети, навреди и нарушување на углед, ќе одговараат соодветно законот!
Сигурна сум дека ова Атиџе ќе ја направи посилна, а јас и натаму ќе бидам до неа, ќе ја заштитувам и ќе и помагам онака како што го правев тоа и досега….“, стои во објавата.
