Д-р Беќаровски: Омикрон е со поблаги симтоми, зошто се крева прашина и се влева страв


Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека #OMICRON е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната #ДЕЛТА варијанта во Македонија, вели доктор Нико Беќаровски.
„А ЗОШТО СЕ КРЕВА ТОЛКАВА ПРАШИНА И ВЛЕВА СТРАВ ???
Ако во моментов Ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од #ОМИКРОН варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.
КАДЕ Е ТОГАШ ПРОБЛЕМОТ ???
Ако просечното траење на Ковид-19 е околу 10 дена, тоа значи дека СЕКОЈ ДЕН во подолг временски период би имале околу 40.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и ГОЛЕМ БРОЈ НА ОТСУТНИ РАБОТНИЦИ од своите работни места.
Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот е големата паника која владее во ЕУ и САД, од Omicron-чето.
Човекот во западната цивилизација, оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит“, додава Беќаровски.
