Возот од Скопје за Битола тргнал со летни гуми, а и голема е Македонија ако патуваш со воз
Патничкиот воз со број 641 кој сообраќа на релацијата Скопје-Битола, утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот.
Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.
Попладне возот продолжил до Прилеп, а од таму патниците кои биле за Битола, биле превезени со комбе. Возот 641 предизвика лавина реакции на социјалните мрежи
Ако нема запросување во возот што сѐ уште не е стасан во Битола ќе бидам многу разочаран.
— Рон Ван Демистри (@TojSoSlikite) December 24, 2021
Возот кој утрово тргнал од Скопје, се уште не пристигнал во Битола.
Изгледа со летни гуми тргнал.— Мајстор Лаки🇲🇰 (@KLEPALO_2006) December 24, 2021
Стигна ли возот у Битола? Се знае ли нешто?
— ЏиМи (@J_i_m_m_yBE) December 24, 2021
Се имам качено у воз од Велес за Битола и да траело по 7 саати патување, ништо посебно па и вие
— Боки Алтер Его (@BokiAlterEgo) December 24, 2021
А да провери некој, да не ни продале Кинезите воз шо по 7 години сам че се врати дома
— LaLineа (@JasTheGreaTTT) December 24, 2021
Патничкиот воз шо тргнал сабајлево од Скопје за Битола, конечно се појави. Во Ваканда.
Уелком ту д Ендгејм, Македонијо.— Бориски Driç (@BoriskiDrich) December 24, 2021
Патничкиот воз со број 641 кој се сообраќа на релацијата Скопје-Битола, што утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а што во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, се уште не е пристигнат.
Да не е последно е лоциран во Бермудски Триаголник?— Jas (@BrlaBrla) December 24, 2021
– Тато, мамо, како дојдов јас на овој свет?
~ Епа вака, тргнавме накај Битола со воз …— Benny Lava (@Andov_S) December 24, 2021
За Швајцарија да не заминаа?
— FullPersona (@darkhour_seeker) December 24, 2021
Голема е Македонија, ако патуваш со воз.
— ѓаолЧе (@Gjaolcheto) December 24, 2021