Скопје

ФОТО: Хаос во Аеродром, родители и деца качени на жардењери сред булевар следат културен настан

Хаос пред „Капитол мол“ во Аеродром. Граѓани со деца качени на жардењри следат настан посветен на најмладите. Градоначалникот Тимчо Муцунски посочува дека МВР е виновна, бидејќи според него, полицијата нема слух за аеродромци.

„Во претходните неколку денови активно работевме при организација на настанот за најсаканите ,,Најмладите за Аеродром”. Настан кој собра многу дечиња на едно место, одлична забава за аеродромци. И покрај позитивната енергија, честитките, забавата приредена од македонските артисти, повторно проблем со МВР. По повеќе од една недела официјално барање за затворање на булеварот Јане Сандански од пределот од Веро до ДежаВу не најдоа време за соодветен одговор… Во држава каде се блокираат раскрсници за најмали ситници, ние не добивме соодветен одговор и наидовме на разбирање од МВР за хуманитарен концерт. Со овој чин МВР ја загрози безбедноста на жителите на Општина Аеродром и доведе во ризик многу дечиња заради прометниот сообраќај на овој предел. Бараме најитно да престане ваквиот однос од страна на МВР и конечно да се воспостави професионална соработка за доброто на жителите од Општина Аеродром!“, посочи Муцунски.

На почеток