Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случај во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, откако добиле пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште во Скопје дека девојка гласала со пенкало, на кое имало камера, и при тоа таа како што се наведува во соопштението, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МВР добила пријава дека во околината на основното училиште „Песталоци“ во Скопје се попречувале граѓаните кои оделе на гласање и биле фотографирани, полициски службеници излегле на местото на настанот и по преземени мерки било утврдено дека се работи за 28-годишен скопјанка, таа била приведена во полициската станица во Центар за понатамошна постапка.
Од полицијата велат дека по добиена пријава на гласачкото место 2664 во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, две лица се повикани во полициска станица. Имено, како што информираат од МВР во 13:05 часот едно непознато лице фотографирало ливче на друго лице, по што го напуштило гласачкото место преземени се мерки и активности и лицата кои биле на возраст од 28 и 36 години се повикани во полициска станица.