Дали СДСМ сега го пушта низ вода Шилегов?, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Самиот Шилегов во првите 50 дена тврдеше дека не може да се гради над средишното зеленило каде поминуваат главните водоводни цевки за Скопје, дали СДСМ сега го пушта низ вода? Самиот Шилегов во свое телевизиско гостување тврди дека е неодговорно да поминуваа возила и шини врз средишното зеленило, под кое се наоѓаат главните водоводни цевки за Скопје со големина ФИ 1600. Што се смени од тогаш до крајот на мандатот? Дали трката по некаков профит или е нешто друго? Реалноста е дека водоснабдувањето во Скопје ќе се доведе во ризик, а можноста од голема хаварија ќе биде огромна. И од СДСМ тоа го знаат, но имаат агенда да обвинуваат без основ и затоа го пуштаат Каевски. Каевски да каже како за една година купи стан од 62м2 и заработи 3.6 милиони денари?! А за БРТ има експерти, тој сигурно не е!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во анкетниот лист на Каевски е наведено дека во 2020 година се стекнал со стан од 62 м2, а во 2021 година во банка депонирал 3.6 милиони денари. За период од една година Каевски се стекнал со имот од над 120 илјади евра. Во целиот овој период Каевски е државен функционер и не зема плата поголема од илјада евра. Како успеа да се стекне со имот од над 120 илјади евра? Нешто за кое му требале 10 години работа како директор или пратеник, без воопшто да троши на храна и други животни потреби. Каевски наместо да глуми експерт за градежништво, нека им објасни на своите врсници како на 30-тина години до имот од над 120 илјади евра за само една година? Кој е рецептот на Каевски? 99.9% од младите би сакале да знаат како лицемерот Каевски се стекна со огромен имот на 30 години“, додаваат тие.