Скопје

(ФОТО) Хаос: Наумоски го „изрешетаа“ јавно, а тој ги сокри коментарите

Архитектот Никола Лазаревски не го изработил идејното решение за кружната градинка во Волково, како што тврдеше ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Тоа го направил тимот на фирмата „Прима инженеринг“. Филип Конески, добитник на годишната награда за архитектура за 2021 година, реагираше и јавно. Конески посочи дека повеќе пати му коментирал на Наумоски дека идејното решение не е на Секторот за урбанизам односно Лазаревски со кое Наумоски се фалеше и себеси, но истите биле избришани.

По ова, Наумоски повторно ги избриша коментарите од преписката. Но, го промени и објавениот статус. Па така, од „идејно решение“ напиша дека Лазаревски имал само „првична идеја“.

Преписката во целост:

На почеток