Скопје

Откако синовите на Бајрам не копаат крипто, дуќанџиите во ГТЦ имаат скоро двојно помали сметки за струја

Последната сметка за струја која сопствениците на дуќани во Градскиот трговски центар во Скопје ја добиле претставува пријатно изненадување за нив затоа што е помала за најмалку 40 отсто. Тие се пријатно изненадени од управата на АД ГТЦ која незаконски им ја препродава струјата, па наеднаш треба да плаќаат помалку, пишува МКД.МК

Од 16 ноември во подрумите на ГТЦ не се веќе Елвис и Габриел Бајрам кои најверојатно со години тука „копале“ биткоини користејќи струја која очигледно ја плаќале сите, освен копачите.

Во „бизнисот“ со биткоините, освен набавката на голем број на компјутерски машини, т.н. „ригови“ најголемата ставка е дневната потрошувачка на струја. Бајрам, со голема помош на раководството на АД ГТЦ, тоа со години го правел во подрумите на ГТЦ, плаќајки струја колку за осветлување и ништо повеќе, а енормната потрошувачка на струја била најверојатно „солидарно“ делена со сите сопственици на дуќани. Кога тоа се дознало, на 16 ноември полицијата најпрво влегла во подрумите, но очигледно по нечија интервенција, полицајците потоа само го обезбедувале просторот за безбедно изнесување на скапата опрема, по што и официјално било соопштено дека тука нема грабеж на струја.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток