Македонија

Апасиев: Дали тоа Претседателката го слушна апелот на Левица и стави вето на двојазичните лиценци?

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, реагира на ставањето вето на Законот за двојазични лиценци во градинките.

Апасиев на својот „Фејсбук“ профил напиша:

„Дали тоа Претседателката на Републиката конечно го слушна апелот на пратениците на Левица, па ставила ВЕТО на противуставните двојазични лиценци (што вмроидите ги шверцуваа во Собрание, за да им угодат на необалистите од Вреди)?

Ако е така, аферим и ашколсун!”, напиша Апасиев.

На почеток