Мојсоска: 120-те пратеника да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица за ограничување на патните трошоци
„Во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени:
– ДПМНЕ: 3.700.000 евра
– СДС: 2.000.000 евра
– ДУИ: 680.000 евра.
– Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје, додека наплаќаат кирии од државата – истакнува пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.
– Утре, 12 февруари – среда, 120 пратеника имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица, која џентлменски предлага ограничување на патните трошоци (да не е укинување, за да не се ,,навредат” останатите пратеници) – апелира таа.
– Кога ќе ви речат наредно дека нема пари државата за доктори; за покачување за плати за наставниците; за негувателки во градинките; за опремување на болниците; за лекови на лицата со ретки болести, имајте предвид дека над 6 милиони евра се потрошени само за патни трошоци – додава Мојсоска од Левица.
Оттука – Македонија не е сиромашна држава, туку многу џаболебари има за хранење!“, вели Јована Мојсовска од Левица.