За ДУИ ветото на Сиљановска е скандалозен напад врз правата на Албанците
Демократската унија за интеграција најостро ја осудува, како што велат, скандалозната одлука на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за ставање вето на Законот за двојазичност на лиценците во градинките.
„Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија. Но, ова не е изолиран чин, туку јасно координирана стратегија. Прво, лидерот на ВЛЕН, Африм Гаши, јавно настапи со изјава со цел да го подготви јавното мислење против албанскиот јазик и да создаде алиби за овој чекор, а веднаш потоа, разгорениот антиалбански национализам се активираше за да негира и напаѓа сè што е албанско.
Ова е агресија против Албанците, во која влен свесно ја презема улогата на соработник.
Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда.
ДУИ има јасна порака: Албанскиот јазик не е монета за политичко поткусурување! Тој е уставно загарантирано право, а не инструмент кој оваа влада може да го користи по сопствена волја!
Им упатуваме повик на сите Албанци, сите граѓсни кои веруваат во соживотот, граѓанското општество и сите демократски сили во земјата да се мобилизираат и да не дозволат оваа срамна стратегија да се реализира. ДУИ нема да седи со скрстени раце! Ќе ги искористиме сите политички и правни механизми за да го спречиме ова антиалбанско лудило. Претседателката и оваа влада треба да знаат едно: Албанците нема да дозволат да бидат избришани! Нашиот јазик е нашето достоинство, нашиот идентитет и нашата иднина – и ќе го браниме по секоја цена!“, се вели во соопштението на ДУИ.