Македонија

Владата ќе го доработува законот за двојазични лиценци во градинките

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на последниот ден од 2024 година го известила Парламентот дека нема да го потпише указот на Законот за заштита на децата.

Откако во јавноста излезе информацијата, од Владата информираа дека законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови.

„Како Влада информираме дека законот ќе се доработи и истиот ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури“, стои во ставот од Владата.

Одребите од Законот за заштита на деца кои се однесуваат на воведувањето на двојазичните лиценци се спорни и истите треба да се пресипитаат низ призма на аманданот 5 од Уставот и на Законот за употреба на јазиците стои во образложението на Сиљановска Давкова.

Претседателката бара преиспитување на спорните одреби од членовите 9 и 10 од законот во кои стои дека лиценците за работа се издаваат на македонски и на јазикот кои го говораат 20 проценти од граѓаните на државата, како и на ставот кој се однесува на полагањето на првиот дел од испитот електронски наместо во хартиена форма на македонски јазик и на јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните.

Со непотпишувањето на указот, сега законските измени се враќаат во Собранието каде предлагачот треба да достави изменет текст, согласно укажувањата на шефот на државата.

Доколку за Законот гласаат најмалку 61 пратеник, Сиљановска Давкова, ќе биде должна да го потпише указот за стапување во сила на Законот.

На почеток