Македонија

Херојски подвиг: Полицајци спасија дете од опожарена куќа, па завршија во болница

Независниот синдикат на полицијата објави за херојски подвиг на полицајци, кои спасиле дете од опожарена куќа. Откако го извадиле, и тие завршиле во болница.

„На 03.01.2024 година, по пријава за пожар, од страна на Денис Месарош и Ибрахим Еминовски од полициска станица станица „Ѓорче Петров“, веднаш пристигнале на местото на настанот. Во запалената куќа забележале дека мало дете бара помош. Без да размислуваат за својата безбедност, тие влегле во куќата и успеале безбедно да го извадат детето, кое е пренесено на болничко лекување. Полициските службеници, и покрај тоа што вдишале чад, продолжиле да помагаат а истите и подоцна биле пренесени во болница за медицинска грижа“, напишаа од Независниот синдикат на полицијата и додаваат:

Браво за храброста и пожртвуваноста на колегите! Ова е доказ дека сè уште има луѓе кои својата работа ја извршуваат со љубов и посветеност, дури и по цена на сопствениот живот. Нивниот подвиг заслужува почит и признание. Ние како Независен Синдикат на Полицијата сметаме дека ваквите примери од страна на МВР треба да бидат јавно истакнати, пофалени и наградени. Убедени сме дека во нашето Министерство има многу вакви позитивни примери, кои заслужуваат признание и поддршка“.

На почеток