Вкупното покачување на струјата ќе е 17,3%, вели Илија Димовски


Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ја изненади јавноста на Фејсбук со свој статус каде тврди и докажува како поскапувањето на струјата ќе изнесува најмалку 17,3 отсто, наместо најавените 9,48 отсто. Еве што напиша тој:
„Реалното зголемување на струјата ќе е најмалку 17,3%!!!
Од 168 часа неделно (по претпоставка дека еднакво трошиме струја во сите 168 часа):
за 156 часа зголемувањето ќе е 9,48%
за 12 часа (досегашната евтина денска тарифа во 6 дена) зголемувањето ќе е 118,96%
Вкупното покачување ќе е 17,3% …
П.С. Главна причина за покачување на струјата во Македонија е скоро преполовеното домашно производство на електрична енергија споредено со периодот пред доаѓање на оваа власт …
П.П.С. Реалната цена на струјата и вака нема целосно директно да ја доплаќаме со сметките. Индиректното доплаќање ќе го правиме со даночни пари собрани од граѓаните, а платени од Буџетот кои ќе изнесуваат најмалку уште дополнителни 100 милиони евра следната година, но ќе имаме помалку пари за нови патишта, болници, училишта …
П.П.С. Стапката на ДДВ за електрична енергија за 6 месеци од денес ќе се зголеми од 5% на 10%, со што дополнително ќе се зголемат сметките на граѓаните …“
