Скопје

Парното поскапува за 14%

Од утре цената на парното во Скопје се зголемува за 14 проценти за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со оваа одлука, цената се враќа на онаа од 2018 година, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

„ Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018, имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и Општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија“, рече Бислимовски.

Како што нагласи Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која минатата година просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство му е понудена цена од 1480 долари.

Во Скопје околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании.

На почеток