Скопје

Тепачка пред ресторан во Центар, реагирала полиција

Синоќа пред полноќ полицијата реагирала при групна тепачка во угостителски објект во скопски Центар.

„На 30.12.2021 во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(21), А.Ќ.(21), А.Х.(20) и Е.Х.(19), од едната страна и К.Н.(29), Г.Б.(54), Д.П.(41) и В.Н.(23), од друга страна, сите од Скопје“, соопшти полицијата.

На почеток