Во Америка дневно се хоспитализираат 370 деца поради Ковид
Поради новиот сој на коронаворисот, омикрн во САД дневно се хоспитализираат 370 деца, покажуваат најновите податоци на Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).
Од 22 до 28 декември најголем пораст на хоспитализација има кај лицата помлади од 17 години, објави ЦДЦ.
Тоа што дневно се хоспитализираат по 370 деца претставува зголемување за 66 отсто во однос на минатата недела.
Хил додава дека повеќе од 1.000 деца починале од Ковид од почетокот на пандемијата, а десетици илјади деца се хоспитализирани само во изминатите неколку месеци.
Од 1 август до 28 декември, повеќе од 76.000 деца беа хоспитализирани поради Ковид, а омикрон, иако беше откриен на почетокот на декември, сочинуваше околу 59 отсто од сите случаи во Соединетите држави минатата недела.
Здружението на педијатри на САД процени дека во претходните две недели има зголемување на позитивните случаи за пет отсто кај децата, па така од 9 до 23 декември биле заразени уште 368.515 деца.
Иако децата имаат многу помала веројатност да развијат тешки симптоми на ковид од возрасните, ЦДЦ предупредува дека тие сепак можат да добијат сериозни проблеми како што е мултисистемски воспалителен синдром.