(ВИДЕО) Париз во тишина и со рестриктивни мерки влезе во 2022 година
Од
Објавено на
Главниот град на Франција, Париз, ја дочека 2022 година со рестриктивни мерки, но и покрај тоа голем број луѓе излегоа на улиците.
Ајфеловата кула беше обоена во сина боја со ѕвездите на Европската унија, што го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ, пренесоа француските медиуми.
Многубројните прослави беа откажани пред Божиќ, поради ширењето на омикрон и големиот број заразени лица.