Македонија

Мицкоски: Ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук најави дека во Собранието ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за како што вели, нерасчистение убиства, „црниот Вотергејт на Заев“, односно прислушувањето на обвибителството и судството.

„Нерасчистени убиства! Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР!Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат.
Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток