Метеор експлодираше над Питсбург на новогодишната ноќ
Метеор кој предизвика силна експлозија над предградие на Питсбург на Нова година, експлодирал во атмосфера со енергија еквивалентна на 30 тони ТНТ, потврдија американските власти.
Веб-страницата на НАСА објави дека брзината на метеорот била околу 72.420 километри на час, со проценка дека метеорот тежи околу половина тон.
Во текстот на веб-страницата на НАСА се наведува дека метеорот би бил лесно видлив дури и во текот на денот доколку не беше облачно и мрачно време, како и дека испуштал 100 пати повеќе светлина од полната месечина.
Жителите на Саут Хилс и други области известија дека слушнале силен звук и почувствувале како нивните домови се тресат, но претставници на округот Алегени потврдија дека немало сеизмичка активност или гром.
The loud explosion heard over SW PA earlier may have been a meteor explosion. This GOES-16 GLM Total Optical Energy product shows a flash that was not associated with lightning. No confirmation, but this is the most likely explanation at this time. pic.twitter.com/ArtHCEA1RT
— NWS Pittsburgh (@NWSPittsburgh) January 1, 2022