Камиказа зел 14.000 евра за новогодишната прослава на плоштад? Тој се сомнева дека му се одмаздуваат
Пари за озвучувањето на дочекот за Новата година уште немам земено. Не 14.000 евра, немам земено денар – вели Петар Ѓорѓиевски-Камиказа во изјава за Инфомакс, демантирајќи ги соопштенијата на СДСМ за наводна наплата од градот Скопје за опремата со која се озвучуваше Новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“.
– Знаете за што се работи, во градот Скопје во овој момент има низа на инспекции и ревизии и се „ровари“ работењето на Петре. Тоа му создава паника и страв, и сега на овој начин се обидуваат да фрлат прашина во очи. Нема врска приказната, вели Камиказа за Инфомакс.
– Шилегов фрли милиони. Еве на пример, за настапот на Дино Мерлин плати 165.000 евра, за организација на настанот на Дирекција за култура уште 100.000 евра, и уште 160.000 евра за озвучување на истиот настан. И сега, СДСМ прашува зошто јас сум наплатил 14.000 евра. Зошто тогаш не го прашаа Шилегов? – прашува Петар Ѓорѓиевски.
Парите, тврди Камиказа, за озвучувањето на овогодинешниот настан ќе ги платат две општествено одговорни фирми, и тоа едната се согласила да плати 10.000 евра, а друга 4.000 евра.