Актуелно

Вучиќ му се јави на Ѓоковиќ: Србија ќе се бори за него, за правда и вистина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговараше со Новак Ѓоковиќ, кој беше приведен на аеродромот во Мелбурн по слетувањето во Австралија.

– Само што завршив телефонски разговор со Новак Ѓоковиќ. Му кажав на нашиот Новак дека цела Србија е со него, и дека нашите власти ги преземаат сите мерки за што пократок период да го запрат малтретирањето на најдобриот тенисер во светот. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право, Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, за правда и вистина – напиша претседателот Вучиќ на Инстаграм профилот „Иднината на Србија“.

На почеток