Спорт

Ѓоковиќ ќе биде депортиран

На Новак Ѓоковиќ му ја одбија визата во Австралија, па денеска ќе мора да ја напушти земјата – пишуваат тамошните медиуми.

Најдобриот тенисер на светот пристигна во Мелбурн од Дубаи за да учествува на Австралија опен откако доби лекарско ослободување и не беше од оние кои мораа да поминат низ ригорозни мерки за влез во земјата – но властите тоа не го почитуваа, па тенисерот не доби виза.

Тој слета во Мелбурн денеска пред полноќ по локално време по 14-часовен лет од Дубаи и потоа со часови беше држан на аеродромот поради проблеми со визата, при што му беше одземен мобилниот телефон. Проблемот настанал зашто неговиот тим не побарал виза која дозволува медицинско изземање од вакцинирањето против ковид-19.

Австралиските медиуми објавија дека адвокатите на Ѓоковиќ ќе се обидат да ја обжалат одлуката.

Драмата околу Ѓоковиќ следува само ден откако организаторите на Отвореното првенство на Австралија му дозволија да учествува иако не е вакциниран против ковид-19, што доведе до бурни реакции во австралиската јавност.

На почеток