Спорт

Австралија и ја укина визата и на Ворачова

Австралиските гранични служби и ја укинаа визата на чешката тенисерка Рената Ворачова.

Таа сега ќе биде подложена на истата процедура како Новак Ѓоковиќ и ќе биде префрлена во хотел за мигранти.

За разлика од српскиот тенисер, неа претходно и беше дозволен влез во земјата, дури одигра и подготвителен турнир во Мелбурн.

Во овој момент нема информации дали Ворачова ќе се жали на ваквата одлука на властите во Австралија, како што тоа го направи Ѓоковиќ, ниту пак дали ќе биде депортирана.

Според „Еј-би-си“, Ворачова со медицинско ослободување допатува во Австралија, каде се подготвуваше за првиот Грен слем сезонава, а истото го доби и врз основа на тоа што минатиот месец прележа коронавирус.

На почеток