Скопјанец баран со потерница бил уапсен во Ѓорче Петров
Од
Објавено на
На 08.01.2022 во 10,00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Т.С.(44) од Скопје по локален распис од ЕВР Карпош во врска со кривично дело по чл.240 од КЗ.
Со него бил извршен разговор во кој го појасниl начинот на извршување на кривичното дело и по целосното документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.