Коментари

Супермен не може да ги допрегледа сите новозаразени од овие денови, реагира доктор Лазаров

Специјалистот доктор Ненад Лазаров, матичен лекар од Скопје, тврди дека примарното здравство ќе доживее колапс од наплив на пациенти, кои се заразени со коронавирус. Во изминативе денови, нагло се зголеми бројот на новодијагностицирани лица, позитивени на вирусот.

„Примарното здравство ќе доживее колапс од наплив на пациенти и следствено тони административна работа утре, за ова требаше да се подготвиме а вака е јасно што ќе се случи. Супермен не може да ги допрегледа и збрине сите илјадници новозаразени од овие денови. Народе, нема екипа за овој бран“, напиша Лазаров.

Тој и претходно апелираше дека ако нема рестрикции, бројот драстично ќе се зголемува.

„…И не се шокирајте од денешните, свесно одиме во ова сценарио. Ама не очекувајте и некој да паничи дека сте болни заедно со вас, ваша одлука – ваш ризик – ваше здравје“, напиша претходно тој.

На почеток