Само протести можат да го решат проблемот со парното?
Ивор Мицкоски, критичар на состојбите во Македонија, потсети дека група граѓани одржаа 160 протести против БЕГ, кои им наплаќаа парно кое не го користат. Тој посочи дека доколку не се излезе на улица за проблемите со парното кои ги имаат скопајни, надлежните нема да реагираат.
„Ви текнува дека имаше луѓе кои цели три години на преку 160 протести излегуваа секоја недела на улица и протестираа против тоа што беа исклучени од системот на Топлификација, а сметки им доаѓаа од БЕГ. Искрено не го ни паметам веќе епилогот, ама сакам да кажам луѓево беа жилави и кога се бореа никој не ги поддржа, седеа по 10-20 души и се ротираа на протести. Така да, тоа е, денес ако немате намера да излезете на улица џабе се жалите по социјални мрежи“, напиша тој.