Грчки професор по геологија: Не се знае дали ова е главниот земјотрес
Од
Објавено на
Професорот по геологија, Ефтимис Лекас, во изјава за грчките медиуми, вели дека „се уште не се знае дали ова е главниот земјотрес, но го следиме. Засега нема штети од земјотресот“.
Според Лекас, „земјотресот доаѓа од познат расед кој нема потенцијал за посилен земјотрес. Веќе има три последователни потреси и во следните неколку часа ќе има сеизмичка активност во оваа област“.