Актуелно

Груби го брани Османи и напаѓа Димитров: Ако немал доверба, требаше да каже на почетокот од мандатот

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, посочи дека има апсолутна доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Тој најсовесно и најодговорно си ја врши својата работа и пристапува кон преговорите со Бугарија. Убеден сум дека ќе успееме да изнајдеме решение во првите шест месеци од оваа година и сме во очекување на посетата на новиот премиер на Бугарија и одржување на заедничка седница во текот на овој месец. Жалам што Димитров нема доверба во Османи на крајот во својот мандант, можеби би било добро тоа да го каже на почетокот или да пристапиме кон градење на таа доверба помеѓу Османи и Димитров. Граѓаните немаат никаква основа за недоверба во Османи и Владата. Договорот ќе мора да биде прифатен и граѓаните. Ние се солидаризираме со граѓаните Македонци и остануваме во одбрана на идентитетот и јазикот“, кажа Груби

На почеток