Николовски за Димитров: Не верувам дека ова излагање ќе предизвика потрес
За вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, укажувањата од Никола Димитров, нема да предизвикаат потрес. Според него, Димитров е разочаран бидејќи не се почнати преговори со ЕУ.
„Не верувам дека ова излагање ќе предизвика потрес, ставовите треба да станат пракса во македонската демократија а не позадинските игри. Кога сте влезени чесно и одговорно за плата во политиката, нема што да се крие. Димитров дал силен придонес особено во Преспанскиот договор, поради кој Македонија е членка на НАТО и ја имаме сигурноста остварена како стратешки приоритет. Покрај премиерот Заев, Димитров дал придонес во тој правец и верувам дека и во наредниот период ќе дава придонес во европската перспектива. Ние сме соочени со проблем со Бугарија, но нема никаква попустливост, туку се што правевме е заштита на јазикот, на традициите и се она што вековно ни е оставено да го чуваме. Ја разбирам разочараноста на Димитров, бидејќи навистина сакавме да преговараме со ЕУ, бидејќи тоа е начинот како да го трансформираме општеството“, кажа Николовски.