Спорт

Нема притвор, но нема ниту виза за Новак Ѓоковиќ во Австралија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ засега нема повторно да се најде во притвор во Австралија, пренесувааат агенциите.

Според написите, од него било побарано да се појави на интервју со службениците за имиграција.

Поради тоа, тој ќе остане надвор од притвор за време на разговорот и евентуалните правни постапки, пишуваат светските медиуми.

Претходно се појавија информации дека притворот може да следи како последица на одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок да му ја одбие визата на Ѓоковиќ, т.е. ја поништи претходната судска одлука.

Министерот за емиграција во Австралија, Алекс Хок, го искористи своето дискреционо право да ја укине визата за рекетот број еден, а како што пишува „Гардијан“, треба да следи депортација и откажување на неговото учество на Австралија опен.

Според австралиските новинари кои внимателно го следат овој случај, визата била одбиена во интерес на здравјето и јавниот интерес.

По неколкудневни размислувања, министерот за миграција, Алекс Хок, реши да ја поништи одлуката на судот и да не дозволи најдобриот светски тенисер да настапи на Австралија опен.

„Го искористив моето овластување за Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Од здравствени причини и воспоставување на подобар ред кои се во јавен интерес. За време на оваа одлука внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемија“, објасни Хок.

На почеток