Актуелно

По осумнаесетти пат традиционалната крводарителската акција во спомен на Тоше

На 25 јануари Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба, осумнаесетти пат ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на Тоше Проески, кои и самиот беше крводарител.

Крводарителската акција ќе се одржи во холот на Дом на АРМ, помеѓу 9 и 17 часот.

„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 000 единици крв. При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19“, велат организаторите.

На почеток