Скопје

Скопје осми најзагаден град во светот

Скопје вечерва е осми најзагаден град во светот, покажуваат резултатите интернет порталот „Ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет.

Мерните станици покажуваат дека во просек воздухот во главниот град е загаден со ПМ10 честички за три до четири пати повеќе, отколку што е дозволено.

Според апликацијата „Мој воздух, најзагаден е воздухот во населбата „11 Октомври“, односно 406 mg/m3, и во Ректорат каде концентрацијата на ПМ10 честички е 405 mg/m3.  Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток