Коментари

Милевски: Оние кои ги изгубиле чашите вина испиени на Санторини, шират лаги за мене

Горан Милевски, лидерот на ЛДП, преку својот фејсбул профил ги искритикува партиските членови кои изјавија дека тој се самопредложил за министер за локална самоуправа во новата Влада.

„За нештата да станат појасни, дадов изјава за порталот Локално.мк за последните лаги кои се пласираат во јавноста со цел нарушување на мојот и угледот на ЛДП.

Се одлучив да реагирам јавно, бидејќи се продолжува со лечењето на личните фрустрации на поединци во партијата кои изгубиле функции и секаква доверба во ЛДП, го изгубиле лагодниот живот и неброените чаши вина испиени на Санторини, и кои сега сакаат преку грбот на мојата чест, достоинство и чесност да го манипулираат членството и граѓаните, сакајќи како паразити да се префлат од една на друга позиција, продолжувајќи си ги угодностите за кои жителите на Скопје не казнија на локалните избори а заборавајќи ги граѓаните и партијата.

За остварување на овие цели највулгарно ја вмешаа и мојата фамилија, неводејќи сметка за пристојно политичко однесување и немешање на луѓе кои дел од нив немаат никаква допирна точка со политика. Нивен единствен грев е што судбината им била да се мои роднини. Не се важни нивната стручност, компетентност, квалитети и време кога се вработувале што нема никаква поврзаност со времето во кое сум јас министер, важно е да се виновни.

Врв на манипулациите се денешните лаги со кои ме обвинија дека сум се самопредложил за министер без никаква доверба во партијата. Уште едни груби лаги и невистини од кои неможам да се изначудам до каде може да се спушти човековото достоинство за остварување на личните цели.

Но да не се грижат. Мојот демократски капацитет ќе им овозможи уште деновиве да одржиме седница на Централниот одбор а во најбрз можен рок и Конгрес на партијата на кој членството ќе пресуди кој треба и на каков начин да ја води партијата.

Дали на терен, со присуство во секое село, во секое населено место, во секој град, со разговори со секој граѓанин, со часови отсуство од својата фамилија или под удобното сонце на Санторини“, вели тој.

На почеток