Коментари

Спасов: Сила сме ние на Балканот и затоа сите треба да се заштитат со гаранции дека нема да се шириме

Ѓорги Спасов, универзитетски професор и политички аналитичар, на својот фејсбук профил напиша дека Бугарија сега може мирно да спие.

„Денес со нота до ОН ги информиравме дека името Северна Македонија се однесува само на Република Северна Македонија.

Со тоа ја смиривме Бугарија која е членка на НАТО и на ЕУ и пет пати поголема од Северна Македонија дека со нашето име не имплицираме територијални претензии кон соседната држава.

Ова е голем успех на бугарската дипломатија која со оваа гаранција од нашата земја ги отстрани сите сомневања дека еден ден ќе ја нападнеме и ќе ја освоиме цела Северна Македонија на Балканот.

Сила сме ние на Балканот и затоа сите треба да се заштитат со гаранции дека нема да се шириме, да напаѓаме и да освојуваме туѓи територии.Затоа од денес Бугарите треба мирно да спијат. Решија еден многу голем проблем. А ние останавме без шанса да ги развиваме нашите освојувачки стратегии“, пишува Спасов на својот фејсбук профил.

На почеток