Македонија

Одземен пасошот на Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

На Иџет Мемети, второосомничениот за можно примање мито привремено ќе му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно има мерка за забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница.

Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на пресудата согласно чл. 146 ст.5 од ЗКП.

Случајот во кој судијата на Врховниот суд, Наќе Георгиев е во врска со екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат како Боро Малборо, кој се сомничи за шверц со марихуана. Според пријавата на неговиот син двајцата осомничени лажно ветувале дека ќе извршат влијание во корист на неговиот татко. Првоосомничениот е фатен со 10.000 евра обележени од полицијата.

На почеток