Македонија

Кој е Иџет Мемети, член на СЈО, осомничен за мито, омбудсман кој наместо да ги штити молчеше за бруталност врз новинари и пратеници

Второосомничен за мито во случајот со Боро Малборо, екс градоначалник на Ново Село, кој се сомничи за шверц со марихуана е Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Тоа д органот кој одлучува за изборот и разрешување на јавни обвинители.

Мемети има богата политичка и правна кариера а важи за човек близок до ДУИ.

Мемети бил државен советник во Влада, член на Комисија за избирачки списоци, 2001 година е избран за министер за правда како експерт, а потоа кратко и уставен судија. Оваа престижна функција ја напушта за да се врати повторно како
министер за правда.

По една година ја одбра функцијата Народен правобранител каде беше два мандати или цели 16 години.Вториот избор беше на крвавиот понеделник а човекот чија задача беше да ги штити граѓаните, нивните слободи и права од институциите, молчеше додека насилно од собраниската сала и галеријата беа исфрлани новинари и пратеници. Чекаше само да се изгласа буџетот а тој да добие уште 8 години мандат како омбудсман за да продолжи да ги „штити граѓаните”.

По завршување на мандатот го сместуваат во Советот на јавни обвинители.

На почеток