Македонија

Денес попладне и навечер нова опасност од посилно невреме

Денес особено попладне и навечер, особено во источната половина од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно и тоа токму во споменатите предели можно е по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде по крупен.

Услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во делови од Скопската котлина.

Во случај на појава на невреме, како и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29-30 степени. Во Скопје температурата денес ќе достигне до околу 26-27 степени.

Потоа, утре и во петок ќе имаме по стабилна Атмосфера и без опасност од по големо невреме, а нови врнежи од дожд и нестабилност очекуваме за време на викендот.

На почеток