Македонија

Кој ќе добие или загуби пратеник, прегласување на седум избирачки места

Почна прегласувањето на седум избирачки места.

Се гласа на две избирачки места во Крушево, две во Долнени, и во по едно избирачко место во Желино, Охрид и Струга.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 избирачи.
Вчера гласаа болни и немоќни лица, лица кои се на издржување казна затвор, како и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа.

Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, откако Управниот суд минатиот петок ги отфрли како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, поднесени против решенијата на ДИК.

Резултатот може да биде сменет, па ДУИ може да задржи или загуби пратеник во ИЕ6 , а тој пратеник да оди на контото на Вреди.
Во ИЕ6 ДУИ исто може да го задржи бројот на пратеници или да загуби пратеник кој може да го добијат коалициите предводени од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

На потег се гласачите.

На почеток